Мареј донесе финале за Велика Британија во Дејвис купот

Од:

Енди Мареј е најзаслужниот за пласманот на тениската репрезентација на Велика Британија во финалето на Дејвис купот.

Тој попладнево во првиот сингл меч го победи Бернард Томиќ од Австралија и на својата селекција и го донесе потребниот трет поен (3-1). Со оваа победа Велика Британија избори пласман во финалето на ова натпреварување за првапат по 1978 година.

Мареј во решавачкиот меч го совлада Томиќ со 7:5, 6:3 и 6:2 во гемови. Велика Британија ќе биде домаќин во финалето (се игра на 27-29.ноември), на подобриот од мечот Белгија – Аргентина (се игра во Брисел). На овој меч резултатот е 2-2 во победи и победникот и финалист ќе се решава во последниот меч Стив Дарцис (Белгија) – Федерико Делбонис (Аргентина). Претходно изедначување на Белгија и донесе Давид Гофин кој со 3:0 во сетови го победи Диего Шварцман.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров