Брестовац повика 19 ракометари за турнирите во Србија и Романија

Од:

Селекторот на машката македонска сениорска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, повика 19 ракометари за собирот на 20 декември, со кој ќе почнат подготовките за меѓународните турнири во Србија и Романија.

Во српскиот град Стара Пазова, „црвено-жолтите“ ќе играат два контролни меча против Кувајт, и тоа на 25 и 26 декември. Потоа тимот заминува за Букурешт, каде на 28 и 29 декември ќе игра на „Трофеј Карпати“. Во полуфиналето, ривал на избраниците на Брестовац е Алжир, а наредниот ден ќе имаат дуел со Романија или Холандија.

Како што беше најавено од претходно, на овие турнири ќе ги нема оние главни ракометари кои се сигурни за настап на ЕП во јануари, а ќе играат тие што треба да се наметнат и да си го заслужат местото во националниот тим.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска