Брестовац: Последниот напад го вежбавме на тренинг, како да знаевме дека ќе ни треба

Од:

По средбата со Вардар, тренерот на Металург, Данило Брестовац, беше разочаран затоа што што неговите избраници во клучни моменти не се придржуваа до договореното на тренинг.

– Во континуитет игравме добро, но тоа што ми пречи е фактот дека не се придржуваме до техничко-тактичките работи кои ги вежбаме и објаснуваме на тренинзи. Не знам дали се работи за младоста и неискуството на моите ракометари или, пак, се работи за нешто друго. На пример, знаеме дека Скубе, ако прими топка од десна страна, ќе даде гол. Исто и Карачиќ, знаеме како ќе игра, но пак не го сопревме. Ми сметаше и последниот напад, како да знаевме дека ќе се случи оваа ситуација, па го вежбавме на тренинг ден пред мечот, истакна Брестовац.

Тоа што го кажа тренерот го потврди Томислав Јагуриновски.

– Одигравме еден коректен натпревар, но некои работи што ги работиме на тренинг, не ги применивме на овој натпревар. Не знам дали тоа се случува затоа што сме млади. Правевме доста грешки и ќе мораме уште многу да се поправиме.

Вардар победи со 27:26 и му го нанесе осмиот пораз на Металург кој остана на само една победа и еден нерешен резултат.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска