Брестовац направи селекција од 20 ракометари за контролните натпревари во Словенија

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, денес го објави списокот од 20 играчи кои конкурираат за настап на Европското првенство.

Брестовац по турнирот во Романија го скрати списокот на играчи во пресрет на последната фаза од подготовките за евро-шампионатот.

На списокот на македонскиот селектор се најдоа: Борко Ристовски, Никола Митровски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Ненад Крстевски, Жарко Пешевски, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Велко Марковски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимовски, Марио Танкоски, Горан Крстевски и Марко Мишевски.

– По настапите во Романија на секој играч поединечно му кажав зашто е или зашто не е во комбинација за настап на Европското првенство. Сите ракометари, без приговор ја прифатија мојата одлука, рече Брестовац на денешната прес-конференција.

„Црвено-жолтите“ пред настапите на ЕП (10 – 14 јануари) во кое се во група со домаќинот Австрија, Чешка и Украина, ги очекуваат контролни натпревари со Словенија на 3 јануари и два дена подоцна со Црна Гора.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска