Брестовац: Групата за квалификациите не е ни лесна, ни тешка

Од:

Селекторот на машката ракометна репрезентација по добивањето на противниците во квалификациите за ЕП 2022 изјави дека групата „не е ниту лесна, ниту најтешка“.

По денешната ждрепка, Македонија се најде во групата 7 за европскиот шампионат кој ќе се игра во Унгарија и Словачка, заедно со противниците Данска, Швајцарија и Финска.

„Групата е коректна. Не е ниту лесна, ниту најтешка. Данска е фаворит, а со Швајцарија и со Финска можеме до позитивен резултат на сите натпревари. Ни преостанува период за подготовка и анализа на противниците и се надевам дека сите репрезентативци ќе имаат запазени улоги во своите екипи и ќе бидат максимално подготвени за квалификациските дуели,“ изјави Брестовац.

Европското Првенство ќе се одржи во период од 13 до 30 Јануари 2022 година.

Квалификациски групи за пласман на ЕП 2022:

Група 1: Франција, Србија, Белгија, Грција
Група 2: Германија, Австрија, Босна и Херцеговина, Естонија
Група 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
Група 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
Група 5: Данска, Холандија, Полска, Турција
Група 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
Група 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска
Група 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово

Термини на одигрување на натпреварите:

1 коло: 04/05 ноември 2020
2 коло: 07/08 ноември 2020
3 коло: 10/11 март 2021*
4 коло: 13/14 март 2021*
5 коло: 28/29 април 2021*
6 коло: 02 мај 2021*

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он