Селекторот на младинската македонска ракометна репрезентација, Данило Брестовац, денеска го објави поширокиот списокот од 24 ракометари кои ги повика на првиот собир од подготовките за настап на ЕХФ Шампионатот 2018 што во периодот од 20 до 20 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Покана од Брестовац добија: Виктор Василевски, Андреј Петковски, Матеј Петковски, Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Иван Димитровски, Глигор Гајиќ, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Стефан Атанасовски, Филип Андонов, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Серафимов, Ненад Костески, Андреј Митиќ.
– Првиот собир ќе се одржи утре со почеток во 10 часот спортската сала „Македонско Сонце“ во Скопје. Според планот за подготовки, во Скопје ќе се тренира до сабота, кога селекцијата ќе замине за Маврово каде ќе продолжи со тренинзите до 13 јуни. Последната фаза од подготовките повторно ќе се одвива во Скопје, а за тој период планирана е и една подготвителна средба. Првиот натпревар на ЕХФ Шампионатот, Македонија ќе го одигра на 20 јули против Велика Британија, иформираа од РФМ.
На ЕХФ Шампионатот во Скопје, Македонија се наоѓа во група со Швајцарија, Италија, Украина и Велика Британија.
По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.