Брчков нов играч на Кожув

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Владимир Брчков во следните две сезони ќе го носи дресот на Кожув од Гевгелија.

Според договорот, обврската е на една плус една година што значи дека клубот може да го задржи и во наредната сезона.

Брчков е дел од 12-те репрезентативци на Македонија што настапија на досегашните четири натпревари од квалификациите за ЕП 2015, но тој е единствениот што не доби ниту една минута. Тоа што е дел од репрезентацијата значи дека по завршувањето на квалификацискиот циклус ќе се приклучи на подготовките на својот нов тим.

Брчков минатата сезона го носеше дресот на повеќекратниот шампион Работнички, а се повреди во плеј офот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос