Бразилски судија: Претседателот Болсонаро ќе носи маска или ќе плати казна

Од:

Бразилскиот федерален судија Ренато Борели му нареди на претседателот Жаир Болсонаро во јавноста да носи заштитна маска, во согласност со одлуката на судот што денеска беше објавена, за да се забави ширењето на коронавирусот.

Британските медиуми пренесуваат дека судијата ја издаде наредбата откако Болсонаро без маска присуствуваше на неколку политички митинзи низ главниот град.

Борели кажа дека Болсонаро подлежи на дневна парична казна од 2.000 реали (387 долари) доколку продолжи да не ги почитува донесените сојузни одредби за забавување на ширењето на Ковид-19.

Бразил е меѓу најсилно погодените држави од пандемијата на коронавирусот, со повеќе од 50.000 мртви и над еден милион заразени лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата