Бразил се збогува со легендарниот фудбалер Пеле. Седумдневна жалост е прогласена во сојузната држава Сао Паоло, додека споменикот на Исус над Рио де Жанеиро свети во зелената и жолтата боја на националното знаме. Пеле, кој трипати го освојуваше Светското првенство со Бразил, почина на 82-годишна возраст во болница во јужниот дел на градот Сао Паоло.
Сојузната држава Сао Паоло, на југоистокот од јужноамериканската земја, прогласи седумдневна жалост поради смртта на спортистот.
„Во знак на почит кон најголемиот мит во бразилскиот фудбал, наредувам седумдневна официјална жалост. Моето сочувство до семејството и пријателите и до фудбалскиот клуб Сантос, неговиот клуб и неговата страст“, рече гувернерот Родриго Гарсија во пораката. .
Во цел бразил е прогласена тридневна жалот.
И фудбалскиот клуб Сантос објави соопштение во кое ја изразува својата тага поради смртта на „кралот на фудбалот“, како што го нарекоа. „Сантос длабоко жали за смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња, човекот кој на светот му го донесе името Алвинегро Прајано (бело-црно од плажата). Нашиот најголем идол кој го овековечи дресот со број 10 и го претвори во дело на уметност“, се вели во соопштението.
Нашето сочувство до мајката Дона Селеста, до сопругата Марсија Аока, децата и внуците и до сите оние кои се страстни за спортот, како нас, поданиците на кралот, засекогаш“, се вели во текстот.