Фолксваген на 31 декември годинава ќе го прекине бразилското производство на легендарното Комби, или оригинално моделот Тип 2, што се произведува веќе 63 години.
Фабриката во Бразил е последната во светот каде се уште се произведува Фолксваегн Комби, со што легенардниот модел и официјално заминува во историја.
Фолксваген Комби е произведен во над 10 милиони примероци, откако беше за првпат претставен пред 63 години во Германија. Во Бразил од 1957 година се произведени еден и пол милиони примероци од овој модел.
Комбито поради ниската цена стана многу популарен во САД и Велика Британија, а во текот на 60-тите и симбол на хипи културата.
Низ светот секоја година се организираат фестивали посветени на овој модел.
Производството во Германија е прекинато во 1979 година, додека моделот продолжи да се произведува во Јужна Америка и Африка.