Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове колабираше на теренот во 17. минута од денешниот натпревар против Интер, кој беше прекинат.
Сите играчи со солзи во очите го опколија за да го заштитат од камерите при лекарската интервенција, а играчот набргу потоа беше пренесен во болница.
Последните информации од Фиренца велат дека Едоардо Бове се разбудил од кома и е надвор од животна опасност.
ACF e l’Azienda Ospedaliero Universitaria di Careggi comunicano che il calciatore Edoardo Bove, soccorso in campo a seguito della perdita di coscienza occorsa durante la gara #FiorentinaInter, si trova attualmente in sedazione farmacologica ricoverato in terapia intensiva. pic.twitter.com/EYCzhWWQm5
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) December 1, 2024
Италијанските медиуми јавуваат дека Бове разговарал со сите околу него, а во моментов се верува дека колабирал поради епилептичен напад.
На Бове ќе му биде извршена КТ скен, која ќе даде нови информации за неговата состојба.