Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Од:

Бостон Селтикс ги победија Далас Маверикс со 107:89 во првиот натпревар од финалето на НБА.

Лука Дончиќ постигна 30 поени, 12-26 од поле, но имаше само една асистенција, што само покажува дека Бостон не му дозволи да ги разигра соиграчите.

Најефикасен во победничкиот тим беше брилијантниот Џејлен Браун кој постигна 22 поени, заедно со шест скока, три украдени топки, три блокади и две асистенции, додека Порзингис постигна 20 поени за само 21 минута.

Кај Маверикс потфрлија Ирвинг со 12 поени, 6-19 од поле, Џонс стрелаше само за 2-9, а центрите речиси и да немаа учинок.

Следниот натпревар се игра ноќта помеѓу недела и понеделник.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите