Босанскиот репрезентативец Граџан уште една година во Еурофарм Пелистер

Од:

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер го продолжи за следната сезона договорот со босанскиот ракометен репрезентативец Елмир Граџан.

– Еурофарм Пелистер постигна согласност за продолжување на договорот со Елмир Граџан за уште една сезона и интернационалецот од Босна и Херцеговина ќе го носи дресот на нашиот клуб и во сезоната 2021/22, соопшти денеска битолската екипа.

– Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам следната сезона да бидеме поуспешни и да донесеме титули во Битола, изјави 27-годишниот Граџан за клупскиот сајт.

Претходно, Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за следната сезона со Марио Кизиќ, Немања Обрадовиќ, Јосип Божиќ Павлетиќ и Реиние Табоада, а клубот го напушти капитенот и голман Градимир Чаневски.

Би можело да ве интересира

Французинот Мане нов ракометар на Металург

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер започна со подготовки за новата сезона

Ана Ололовска

Алкалоид нов клуб на македонската ракометна сцена

Ана Ололовска

Даев: Не знам зошто Лазаров се повлече, ние останува на проектот Голден Арт КЛ7

Ана Ололовска

Вардар 1961 и во новата сезона на ЛШ стартува од групната фаза

Ана Ололовска

Одложено ракометното коло поради смртта на Даниловски

Ана Ололовска