Борусија му понуди нов договор на Санчо

Од:

Борусија (Дортмунд) направи уште еден обид да го задржи Џејден Саннчо со тоа што му понуди нов, уште попрофитабилен договор, тврди „Билд“.

Англискиот интернационалец е цел на Манчестер Јунајтед, но „Олд Трафорд“ продолжува да опстојува и не сака да плати скоро 120 милиони евра што ги бараат Германците.

За само два дена истекува рокот што му го даде Дортмунд на Јунајтед за договорот.

Патем, Санчо во моментов има најголема плата во Борусија – 210.000 евра неделно, а понудата на клубот е да ја зголеми на 285.000 евра. Сепак, ова е помалку од она што му го понуди Манчестер Јунајтед со скоро 390.000 евра неделна плата.

Според информациите, самиот офанзивен играч долго време се договорал за неговите лични услови со тимот од Премиер Лигата, но останува да се постигне договор меѓу клубовите.

Би можело да ве интересира

Себастиен Але непрепознатлив по борбата со ракот на тестисите

Џовани Симеоне пред потпис за Борусија Дортмунд

Луис Суарез во Дортмунд?

ВИДЕО: Драма во Лигата на шампионите, Порто со десет играчи „преживеа“ продолженија и го испрати Јувентус дома

Жарко Настоски

Тинејџерот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, стана најмлад фудбалер во историјата на ЛШ

Жарко Настоски

Борусија Дортмунд ќе го спасува Дракслер од ПСЖ

А1он