Болт отвора ресторан во Лондон

Од:

Најбрзиот човек во светот сака да отвори ресторан и тоа заедно со славниот британски готвач Гордон Ремзи.

Светскиот рекордер 100, 200 и 4х100 метри би сакал да отвори ресторан поврзан токму со овој спорт.

„Ја сакам храната, го сакам и спортот. Сонувам за да ги поврзам овие две работи, но проблемот е во тоа што во тематските ресторани квалитетот на храната никогаш не е на потребното ниво, за разлика од стилот“, рекол Болт.

Атлетичарот од Јамајка смета дека ако се реши на ваков чекор, тогаш тоа треба да го направи со најдобриот, а со кој друг ако не со Гордон Ремзи.

Болт во Британија треба да престојува од јануари и тогаш планира да закаже состанок со вештиот готвач, пишува Сан.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Изречени 23 парични казни на продавници за храна