Поранешниот боксерски шампион Хектор Камачо кој пред три дена беше тешко ранет во вооружениот конфликт во Сан Хуан, на дозвола од неговата мајка денеска е исклучен од апаратите кои го одржуваа во живот.
Хектор „Мачо“ Камачо имаше 50 години, а последната борба ја имаше во 2010 година. Во текот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите беше еден од најпопуларните и најценетите боксери.