Бојан Трајковски ќе ја претставува Македонија за ЗОИ на Специјална олимпијада

Од:

Атлетот Бојан Трајковски ќе ја претставува Македонија на Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада за лица со интелектуални пречки кои под слоганот „Отчукување за светот“ ќе се одржат од 14 до 25 март во Австрија.

21-годишниот Трајковски во Австрија ќе биде придружуван од тренерот Јован Јовановски и водачот на македонската делегацијата Аган Реџепагиќ.

Бојан се натпреварува во дисциплината Алпско скијање во слалом, велеслалом и супер велеслалом во категорија „Нов ајс“, почетници. Тренанжниот процес со одвиваше на Маврово и во Боровец.

-Пријатно сум изненаден од напредувањето на Бојан во скијачката вештина. Моите очекувања на почетокот на подготовките беа скромни, но тој силно ме демантира со ентузијазмот од првиот тренинг до сега. Во периодот на тренинзи Бојан напредуваше одлично и јас сум оптимист дека по завршувањето на Олимпијадата тој ќе продолжи да се скија, што е добивка која не може да си ја дозволи секој човек, вели тренерот Јовановски

Атлетот Трајковски очекува медал и тоа најсјајниот – златниот.

На Зимски олимписки игри на Специјална олимпијада ќе учествуваат 2.700 атлети, 1100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери. Тие ќе бидат најмасовните зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада воопшто.

Натпреварите ќе се одвиваат во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а атлетите ќе се натпреваруваат во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, скијање на даска (сноубодинг) и стикшутинг.

Целите на овогодишните Зимски олимписки игри Австрија 2017 се: јакнење на човековите права, зголемување на бројот на учесници во новите спортови и создавање на партнерски програми.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ