Богдановиќ прогласен за „МВП“ во април во Евролигата

Од:

Српскиот кошаркар и член на истанбулски Фенербахче, Богдан Богдановиќ е прогласен за најкорисен играч „МВП“ во Евролигата во април.

Богдановиќ беше еден од најдобрите поединци во екипата на Фенербахче во четвртфиналната серија од плејофот против Панатинаикос, што турската екипа ја доби со убедливи 3-0 во победи и обезбеди пласман на завршниот „фајнало-фор“ турнир во Истанбул.

Богдановиќ во мечевите против Панатинаикос имаше просек од 18,3 поени, 6,5 скока, 3,8 асистенции, 1,8 украдени топки и една блокада, што беше повеќе од доволно да го понесе признанието „МВП“.

Следниот предизвик за него и за македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој, исто така, е дел од Фенербахче ќе биде завршницата на Евролигата, што ќе се одржи во Истанбул, кога Фенербахче за противник ќе го има Реал Мадрид. Во вториот полуфинален меч ќе играат актуелниот европски првак ЦСКА Москва и Олимпијакос.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска