Богатите Кинези се грабаат за новиот „Мерцедес Мајбах“

Од:

Доколку кај некого постоше и најмал сомнеж во комерцијалниот успех на обновениот „Мајбах“, чии модели сега се продаваат под значката на „Мерцедес“, кинескиот пазар е тука да го разувери. Во оваа земја месечно се продаваат околу 500 примероци „Мерцедес-Мајбах“ од „С класа“. чија почетна цена изнесува 230.000 долари.

Откако во февруари почна да ги продава моделите „Мајбах С500“ и „Мајбах С600“, „Мерцедес“ во просек во Кина секој месец испорачува 500 вакви автомобили.

Како споредба, стариот „Мајбах“ најдобрата продажба ја имаше во 2003 година кога кинеските купувачи во текот на целата година купија вкупно 600 возила.

Дури и ако се знае дека старите модели, како „Мајбах 52“, што чинеше од 350.000 долари па нагоре, беа поскапи и полуксузни од актуелниот „Мерцедес Мајбах“, моменталната продажба и натаму може да се оцени како исклучително добра.

„Мерцедес“ со враќањето во игра на марката „Мајбах“ сакаше да земе дел од колачот на производителите, како „Ролс-Ројс“ или „Бентли“.

Во однос на стандардната „С класа“, „Мајбах“ верзијата е полуксузна и има повеќе простор во кабината, особено за оние кои седат на задните седишта.

А тие „патници“ вообичаено се и сопственици на овие скапоцени автомобили – бидејќи „Мерцедес Мајбах“ е автомобил зад чиј управувач најчесто се наоѓа униформиран професионален возач.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска