Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1:1 на гости против Бугарија во Разград, на отворањето на новиот циклус во Лигата на нации. Кирил Десподов донесе предност за Бугарите во 13.минута, а израмни Милан Ристовски со погодокот во 50.минута од натпреварот.

Македонија нападна од почетокот, притиснаа кон голот на противникот, но остави многу простор во позадина, а Бугарија тоа знаеше да го казни. Во 13.минута изведе противнапад, а Кирил Десподов ја доведе Бугарија во водство од 1:0.

Одбраната не го следеше откако проигра двојно и излезе сам пред Столе Димитриевски, а потоа не му беше тешко да реализира.

Енис Барди можеше да израмни, но неговата „бомба“ заврши во главата на потивничкиот голман.

Сепак, Македонија израмни на 1:1 на почетокот на второто полувреме. Елмас влезе во шеснаесетникот и создаде проблеми за бугарската одбрана, а топката дојде до Милан Ристовски кој успеа да го матира Михаилов во 50.минута.

Езгјан Алиоски упати одличен шут од далечина, но Михаилов спречи пресврт за Македонија, само неколку минути подоцна. Сепак, остана 1:1 до крајот, иако се случи драма во самата завршница. Судијата Пињар покажа пенал за Бугарија, поради наводно играње со рака на Муслиу, но откако ја прегледа ВАР-снимката, сепак, ја поништи одлуката.

Следниот предизвик за Македонија во Лигата на нации е натпреварот на гости против Гибралтар на 5.јуни.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации