Тјунинг компанијата Алпина што соработува со БМВ го претстави својот нов модел Д3 Би-Турбо, за кој тврдат дека е најбрзиот сериски дизел автомобил во светот.
Инженерите на Алпина стандардниот 335д мотор го зајакнаа на 350 коњски сили, што е доволно за забрзувае од 0 до 100 за само 4,6 секунди и максимална брзина од 278 километри на час.
Наспроти големата моќ, моторот може да се пофали и со мала потрошувачка од само 5,3 литри на 100 километри и емисија на штетни гасови од 139 грама на километар.
БМВ Алпина Д3 би-турбо на европскиот пазар ќе се продава по цена од 55.345 евра.