БМВ објави први детали од електричниот модел и3

Од:

Германскиот производител на автомобили БМВ ги објави техничките карактеристики на новиот модел и3 со електричен погон, кој ќе биде премиерно претставен кон крајот на јули.

БМВ и3 претставува прв обид на германскиот производител на пазарот да претстави електричен автомобил во сериско производство.

bmvi31

Инженерскиот тим на БМВ создаде шасија целосно изработена од алуминиум, додека безбедносната кабина за патниците е изработена од зајакнати јаглеродни влакна. Како резултат на тоа и3 има тежина од само 1.195 килограми, што е одлично за електричен автомобил поради тежината на батериите.

БМВ и3 доаѓа со електромотор со јачина од 170 коњски сили. Моторот е тежок 50 килограми и поставен над задната оска. и3 од 0 до 60 километри на час ќе забрзува за 3,5 секунди, додека до 100 километри на час за 7 секунди. Максималната брзина е ограничена на 150 километри на час.

bmvi311

Електромоторот се напојува со литиум-јонски батерии поставени во средишниот дел, во подот на возилото. БМВ наведува дека и3 за секојдневна употреба ќе има слобода на движење меѓу 130 и 160 километри.

bmvi3111

БМВ и3 е опремен со најновата технологија на компанијата БМВ КонектДрајв, што овозможува целосна вмреженост и поврзување со надворешниот свет.

Официјалното претставување на ВМВ и3 е закажано на 29 јули годинава во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска