БМВ глобален премиум лидер

Од:

Германскиот производител на автомобили БМВ по февруари 2013 година го презема првото место од Ауди на позицијата водечки производител на премиум автомобили во светот.

На трето место се наоѓа уште еден германски производител Мерцедес.

БМВ во првите два месеци на 2013 година низ целиот свет испорачал 222.207 автомобили, а во февруари остварил раст од 9,2 проценти во однос на истиот месец 2012 година.

Овие резултати се постигнати во најголем дел благодарение на зголемената побарувачка за автомобилите од Серија 3 и моделот БМВ Х1.

Досегашниот лидер Ауди, кој падна на втората позиција, наспроти растот од 3,2 проценти во февруари, во првите два месеци на 2013 година продал вкупно 221.800 автомобили или 407 помалку од својот ривал.

Мерецедес се уште го зазема третото место со 184.978 испорачани возила. Компанијата во текот на февруари забележа пад на продажбата од 5,8 проценти во споредба со истиот период 2012 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска