Блатер смета дека Германија, Јапонија или САД, можат да бидат домаќини на СП 2022 наместо Катар

Од:

Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Жозеп Блатер е уверен дека е можен трансфер на Мундијалот во 2022 година што треба да се игра во Катар.

– Соединетите Американси Држави може да бидат домаќини во 2022 година наместо 2026. Тие се способни, ова не е научна фантастика! Јапонија исто така може да го стори тоа. За среќа, ќе има само 32 екипи, а не 48. Не е потребен голем организациски напор. И Германија може да биде домаќин на турнирот. Но, ова ќе значи дека по 2018 година Мундијалот повторно ќе се организира во Европа. Поради тоа Европа нема да биде првата опција, изјави Блатер за германски „Билд“.

Изјавата на поранешниот прв човек на ФИФА доаѓа, откако претходно беше распишан обвинителниот акт за мито на службеници на организацијата при изборот на домаќините на Светските првенства 2018 (се играше во Русија) и 2022 година.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор

Ана Ололовска

Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел во квалификациите СП и повикаа егзорцист

Ана Ололовска