Блатер побара акција од Италијанската федерација поради расизмот

Од:

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер побара од Италијанската федерација да реагира по расистичкиот акт во неделата кога навивач на Аталанта фрли банана кон играчот на Милан Кевин Констант.

– Мора да се стави крај на ваквите работи кои во последно време зачестија на фудбалските терени. На луѓето кои не гиинтересира фудбал, туку на стадионите доаѓаат да навредуваат на расна или било која друга основа не им е местото на трибините. Со превземање навремени мерки треба да спречиме во иднина фудбалерите со темна боја на кожата да бидат изложени на расистички напади, истакна Блатер.

Тренерот на Милан Кларенс Сидорф предложи да им се забрани доживотен влез на стадионите на они кои ќе фрлат банани на теренот.

Ист ваков инцидент се случи и во Шпанија пред две недели кога мета беше играчот на Барселона Дани Алвеш на дуелот со Виљареал.

Блатер освен италијанските ги опомена и руските фудбалски власти и им посочи да реагираат поради инцидентот предизвикан од навивачите на Зенит кои го прекинаа дуелот со Динамо Москва, влегувајќи на теренот и при тоа физички го нападна гостинскиот капитен Владимир Грант.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ