Бјелица МВП на сезоната

Од:

Српскиот кошаркарски репрезентативец од редовите на Фенербахче Улкер, Немања Бјелица е прогласен за најкорисен играч (МВП) во Евролигата во сезоната 2014/2015. Евролигата ова го соопшти, во четвртокот, на отворањето на фајнал Фор турнирот во „Каса де Кореос“ во Мадрид.

Бјелица блескаше оваа сезона и е најзаслужниот што Фенербахче прв пат во својата историја избори пласман на завршниот турнир во Евролигата.

Во текот на сезоната, во која не пропушти ниту еден натпревар, Бјелица просечно по натпревар бележел по 11,9 поени, 8,6 скока, 2 асистенции, 1,2 украдени топки и 0,7 блокади.

Бјелица добил најмногу гласови во изборот (25 отсто од гласовите се на навиивачит, а 75 отсто на новинарите), а зад себе ги остави Милош Теодосиќ, Бобан Марјановиќ, Василис Спанулис и Фелипе Рејес.

Претходни крилниот играч на Фенербахче беше избран и во идеалната петорка на Евролигата.

На свеченоста во Мадрид беа доделени и останатите награди: „Трофејот Алфонсо Форда“ за најдобар стрелец го доби Тејлор Рочести од Нижњи Новгород, за најдобар дефанзивец е прогласен Брајант Донстон од Олимијакос, а трофејот „Ѕвезда во подем“ исто како и лано му припадна на Богдан Богдановиќ од Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос