Биното: Ферари мора повеќе да ризикува

Од:

Првиот човек на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното смета дека неговиот тим треба да биде похрабар на патеката, а истото се однесува и на нивната стратегија.

Според него, повеќе ризикување би можело да придонесе да се победи Мерцедес.

– Ние мора да преземеме повеќе ризици, да бидеме похрабри. Говорејќи за ова, мислам на трката во Мексико. Веројатно не требаше да го повикаме во пит-стопот Леклер. Бевме сигурни дека гумите не можат да издржат до крај. Ова беше лажна претпоставка. Тоа е, ние треба да го подобриме нашето разбирање за однесувањето на гумите, треба да го подобриме аналитичкиот модел. Ние се обидуваме да го сториме тоа, изјави Биното.

Квалификациите за утрешната трка за Големата награда на САД се возат доцна вечер, а главната трка е утревечер со почеток во 20:10 часот.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес