Безбедносна еволуција – надворешни воздушни перничиња за сите возила

Од:

Надворешни воздушни перничиња и систем за предупредување од несреќа се најнов начин за зашатита на патниците и пешаците при судар, пишува „Дејли Мејл“.

Системот составен од сензори поставени на покривот од возилото го следат сообраќајот и движењето на автомобилите и доколку дојде до опасност од судар, автоматски ги активира надворешните воздушни перничиња. Целиот процес трае меѓу 20 и 30 милисекунди.

Новиот безбедносен систем се уште е во фаза на тестирање, но од компанијата ТРВ Аутомотив, која работи на неговиот развој, тврдат дека тој ќе се најде во употреба во Германија до крајот на оваа декада.

Воздушните перничиња ќе се вградуваат на сите страни на возилото, а специјални ќе бидат поставени и во тркалата. Моментално се работи на тестирање на системот што ќе ги поврзува камерите и сензорите за надгледување на страните на возилото.

– Речиси 40 отсто од несреќите се случуваат при удар на едно возило во страничниот дел на друго и ние сакаме да ги намалиме последиците, изјави претседателот на компанијата Норберт Кагерер.

Тестираните надворешни перничиња се долги 200, високи 70 и широки околу 20 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска