Без проблеми за фаворитите на US Open

Од:

Двајцата најголеми фаворити на последниот Грен слем турнир US Open, Рафаел Надал и Роџер Федерер немаа поголеми проблеми да го минат третото коло.

Светскиот рекет број еден Рафеал Надал иако го загуби првиот сет Леонардо Маер со 6-7, сепак во следните три не дозволи изненадување па истите ги реши во своја полза со 6-3, 6-1, 6-4, за конени 3:1 во сетови. Надал во следната рунда ќе игра против Александар Долгополов од Украина, кој претходно го елиминира Троицки.

3. носител Роџер Федерер беше уште посигурен, па дуелот против Фелисијано Лопез, го доби со 3:0 (6-3, 6-3, 7-5). Во 4. коло Швајцарецот ќе игра со германскиот тенисер Филип Колшрајбер кој го совлада Џон Милман.

Кај дамите, пласман во следната рунда обезбедија 1. носителка Плишкова од Чешка, како и нејзината сонародничка Квитова (13. носителка) која за место во осминафиналето ќе игра против 3-та фаворитка Мугуруза од Шпанија.

Во третата рунда (4. носителка) Свитолина од Украина ќе игра против Американката, Мелиса Кејс, а на „Флешинг Медоу“ и натаму ќе настапува и миленичката на домашната публика (9) Венус Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал