Беше мисица и модел, а сега е кандидат да ја преземе Формула 1

Од:

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), под чија надлежност е светското првенство во Формула 1, наскоро ќе има нов претседател.

Поточно, може да се случи тоа да биде и претседателка, бидејќи меѓу кандидатите за нов шеф на ФИА е Вирџини Филипо, поранешна манекенка.

Филипо има 33 години и беше кандидатка за Мис Белгија на изборот за Мис Интернешнл во 2012 година, додека пет години подоцна ја претставуваше својата земја на изборот за Мис Интернешнл.

Таа беше и „Мис Интернешнл Белгија 2017“, а подоцна учествуваше во реалното шоу „Тајна приказна 6“, кое се емитуваше во Франција и Белгија.

По освојувањето на титулата Мис 2017, работеше како новинарка и водителка во мотоспортот, а стана и инфлуенсерка.

Филипо ја објави својата кандидатура на Инстаграм и ги изненади своите следбеници, а сака да го наследи сегашниот претседател, Мохамед Бен Сулајем, кој ја објави својата повторна кандидатура за позицијата.

„Ќе се кандидирам за претседател на ФИА. Мојата цел не е да победам, туку да се осигурам дека нема да бидам последна. Верувам дека мотоспортот треба да го одразува реалниот свет – храброст, разновидност и обединетост. Како жена со глобална визија и длабоки корени, тука сум да отворам врати што останаа затворени предолго“, напиша Филипо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уште две трки од Форула 1 откажани поради војната на Блискиот Исток

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ