Претседателот на кошаркарската Евролигата, Жорди Бертомеу, кажа кој е крајниот рок за завршување на сезоната 2019/20, која во моментов е суспендирана поради пандемијата на коронавирус.
– Во случај на продолжување на сезоната, ние мора да ја завршиме пред крајот на јуни. Едноставно нема да можеме да одржиме натпревари од тековната сезона во септември-октомври, ова само ќе создаде непотребни проблеми во иднина. Секако на прво место е здравјето на луѓето. Не сакаме да ризикуваме, изјави Бертомеу.
Досега се одиграни 28 од предвиднеите 34 кола во основниот дел во Лигата по што треба да следува четвртфинале, па фајнал-фор.