Бердих избори пласман на Мастерс купот во Лондон

Од:

Најдобриот чешки тенисер Томаш Бердих избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз и со тоа се пласира меѓу осумте најдобри тенисери кои ќе играат на Мастерс купот во Лондон.

Бердих во четвртфиналето славеше победа со 2:1 (6:7; 6:4 и 6:4) во сетови над Кевин Андерсон од Јужна Африка.

Негов противник во полуфиналето ќе биде победникот од мечот меѓу Рожер Федерер и Милош Раониќ. Ако Раониќ загуби нема да има шанси за пласман на завршниот турнир во Лондон.

Во другите два четвртфинални меча ќе играат: Новак Ѓоковиќ – Енди Мареј и Кеи Нишикори – Давид Ферер.

Досега пласман на турнирот во Лондон имаат изборено Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер, Марин Чилиќ, Стан Вавринка, Енди Мареј и Томаш Бердих, а ако загуби Раониќ, во Лондон ќе играат Нишикори и Ферер. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров