Берат Јакупи најдобар во светската карате Премиер лига

Од:

Македонскиот репрезентативец Берат Јакупи е прогласен за најдобар каратист во категоријата до 84 килограми, во најсилната светската Премиер карате лига.

На завршниот турнир кој се одржува во австрискиот град Салцбург, на Јакупи доволна му беше само една победа за да го освои првото место, имајќи во предвид дека каратистот на на „Фати“ од Гостивар, имаше недостижна предност пред ривалите кои учествуваа на овој турнир.

На турнирот во Салцбург, учествуваат 595 каратисти од 52 земји, а денеска од македонските каратисти кои треба да настапат, најмногу се очекува од Жарко Арсовски од Макпетрол.

За Јакупи останува претстои нов предизвик, Светското првенство кое ќе се одржи во Бремен, Германија од 5 до 9 ноември, а на кое македонскиот каратиста ќе се обиде да ја освои и третата титула сезонава, откако по златото на ЕП во Лисабон и златото во Премиер лигата.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“