Бенчиќ најдобра на турнирот во Торонто

Од:

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ (18 години) е победничка на „Роџерс купот“ во Торонто откако нејзината ривалка во финалето Симона Халеп од Романија при резултат 7:6 (7:5), 6:7 (4:7) и 3:0 во третиот сет поради повреда на левата нога го предаде мечот.

Бенчиќ на патот до титулата стигна откако успеа да елиминира четири од најдобрите шест тенисерки на ВТА листата: Серена Вилијамс, Симона Халеп, Каролине Возниацки и Ана Ивановиќ. Ова за Бенчиќ е втора титула во кариерата откако првата ја освои во јуни годинава во Истбурн.

Таа има серија од 21 победа во 25 меча и од денеска се наоѓа на 12.то место на ВТА листата со скок од осум позиции.
Симона Халеп, која го предаде мечот имаше проблеми и со високата температура во Тороното и изјави:

–  Жалам но не можам да го доиграм мечот. Едноставно е невозможно.

Тенисерките и тенисерите оваа недела ќе настапуваат на турнирот во Синсинати.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров