Бекер: Федерер и Ѓоковиќ не се поднесуваат

Од:

Легендарниот тенисер Борис Бекер, сега тренер на Новак Ѓоковиќ, истакна дека е „јавна тајна“ оти Федерер и Ѓоковиќ не се поднесуваат, но дека модерниот спорт од нив направил такви луѓе – односно тие да се плашат да ги покажат своите емоции.

„Тенисот повеќе нема интересни ривалитети, бидејќи играчите се преплашени дека ќе бидат казнети доколку зборуваат вулагрно на теренот“, рекол Бекер за Daily Telegrapf.

„Поради тоа ѕвездите одржуваат ‘лажни пријателства’, иако на пример ‘јавна е тајна’ во светот на тенисот дека Федерер и Ѓоковиќ не се поднесуваат“, рекол Бекер дополнувајќи дека „нема шанси Федерер да е толку фин како што изгледа“.

Во својата автобиографска книга „Вимблдон: Мојот живот и кариера на Сеанглискиот клуб“, Бекер го наведува следното: „Луѓето ми говорат дека денешниот тенис е многу подосаден од оној кој се играше во мое време. Кога ќе ги прашам зошто мислат така, тогаш ми велат дека нема толку интересни личности. Јас им велам дека и во денешниот тенис има сјајни личности, но дека е точно дека тоа не може да се види, бидејќи тие личности не смеат да ги покажат емоциите. Сега ги казнуваат и за најмал испад, постојат микрофони на теренот кои го ‘собираат’ секој збор“, наведе Бекер.

Германецот нагласува дека тенисот е прекрасен спорт, но дека во денешно време е опседнат со политичка коректност.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров