Бејл: Се вратив во Тотенхем поради Мурињо

Од:

Велшката sвезда Герет Бејл изјави дека се вратил во Тотенхем поради менаџерот Жозе Мурињо.

– Тој ми зборува за неколку позиции на кои би сакал да играм. Јас бев задоволен од она што го слушнав. Мурињо е најголемата причина што се вратив. Неговото име е добро познато и тој е победник. Совршен човек за Тотенхем. Ни треба тоа да освојуваме трофеи, и тој најдобро знае како да го постигне тоа, изјави Бејл, кој ќе игра за „спарс“ како позајмен играч.

Велшанецот додаде дека со нетрпение очекува да формира напаѓачко трио со Хари Кејн и Хјун-Мин Сон.

– Играњето со нив е возбудлива перспектива за сите. Ако одиме во иста насока заедно, сезоната може да биде многу возбудлива, изјави Бејл.

Сепак, тој ќе ги пропушти првите натпревари по враќањето во Тотенхем затоа што е повреден.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски