Играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл петти пат по ред е прогласен за фудбалер на годината во Велс.
Бејл за националниот тим оваа година, постигна шест гола кои значително придонесоа за да се обезбеди пласман на Европското првенство 2016.
Герет Бејл беше стрелец на голови во минималните победи против Кипар и Белгија, по што Велс се квалификуваше за Европското првенство, соопшти националниот сојуз на оваа земја.
– Минатата сезона тој одигра одлично. Сите играчи беа фантастични, но тоа се издвојува поради тоа што го сторил во квалификациите, вели менаџерот на Велс, Крис Колман.
Во конкуренција за жени, наградата за најдобра фудбалерка и припадна на Кајли Дејвис од Рединг, додека за најдобри млади фудбалери се прогласени Том О ‘Саливен од Кардиф и Чарли Еструт од Манчестер Сити.
Бејл за Велс досега има одиграно 52 натпревари и постигнато 18 гола.