Бејкер Мејфилд избран под број 1 на Драфтот на НФЛ

Од:

Квотербекот на Оклахома, Бејкер Мејфилд беше избран под број 1 во Драфтот на НФЛ. Носителот на трофејот „Хајсман“, кој дури немаше фудбалска стипендија до пред две години, стана сопственост на Кливленд, кои имаа право на прв избор.

Мејфилд ја започна колеџ кариерата во Тексас, но го напушти тимот откако „црвените витези“ го претпочитаа Патрик Махоумс за стартер.

По една година пауза, тој беше привлечен во Оклахома, со кои освои две последователни титули во „Биг 12“ и додели пасови за над 11.000 јарди.

Мејфилд не беше присутен во салата во Арлингтон, каде се одржуваше Драфтот, а веста дека ќе игра за Кливленд ја дозна на 320 километри јужно – дома во Остин.

Очекувано квотербековите преовладуваа во раните избори, откако четворица од нив се најдоа во Топ 10. Како трет избор, Њујорк Џетс го одбраа Сем Дарнолд (УСЦ), Бафало си ги обезбедија правата на Џош Ален (Вајоминг) под бр.7, а Аризона како десетти го земаа Џош Роузен (УКЛА).

Вкупниот број од пет квотербекови избрани во првиот круг е најголем од почетокот на векот!

Топ 10 избори во првиот круг од Драфтот 2018 на НФЛ:

1. Кливленд – Бејкер Мејфилд (квотербек, Оклахома)
2. Њујорк Џајантс – Сејкон Баркли (ранингбек, Пен стејт)
3. Њујорк Џетс (замена со Индијанаполис) – Сем Дарнолд (квотербек, УСЦ)
4. Кливленд (замена со Хјустон) – Дензел Ворд (корнербек, Охајо стејт)
5. Денвер – Бредли Чаб (ендбек, Северна Каролина)
6. Индијанаполис (замена со Њујорк Џетс) – Квинтон Нелсон (бек, Нотр Дам)
7. Бафало (замена со Тампа Беј) – Џош Ален (квотербек, Вајоминг)
8. Чикаго – Рокуан Смит (лајнбекер, Џорџија)
9. Сан Франциско – Мајк МекГлинчи (офанзивна линија, Нотр Дам)
10. Аризона (замена со Оукленд) – Џош Роузен (квотербек, УКЛА).

Би можело да ве интересира

Том Брејди потврди дека се повлекува по 22 години и 7 титули

А1он

ВИДЕО: Вечниот Том Брејди го освои „Супербоул“ и со Тампа Беј

Катерина Ѓуровски

Израмнет рекорд стар 91 година во НФЛ лигата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Невидена тепачка во НФЛ, двата тима се обидуваа да ги разделат Вимс и Гарднер-Џонсон

Жарко Настоски

Прв случај на КОВИД-19 во НФЛ

Ана Ололовска

Кејн: Сакам да играм во НФЛ

Ана Ололовска