Батон: Постои веројатност Алонсо да се врати во Формула 1

Од:

Шампионот во Формула 1 од 2009 година, Британецот Џенсон Батон, смата дека Фернандо Алонсо ќе се врати во ова натпреварување доколку Мекларен повторно има конкурентен болид.

Алонсо пред неколку дена објави дека од следната сезона нема да се натпреварува во Формула 1, но не ја исклучи можноста повторно да се врати, ако се создадат соодветни услови.

Според Батон, кој му беше тимски колега на Алонсо во Мекларен во 2015 и 2016 година, има голема веројатност двократниот светски шампион да се врати назад.

– Да се напушти Формула 1 тоа е секогаш лична одлука. Алонсо го направи истото што го направив и јас. Тој заминува, но ја остави вратата отворена за можноста за враќање и мислам дека тоа е правилна одлука. Уверен сум доколку Мекларен повторно стане конкурентен и победува, тој дефинитивно ќе се врати назад. Секој возач сака да се натпреварува со конкурентно возило, истакна Батон.

Во меѓувреме Алонсо наведе дека до крајот на сезоната ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата, а како опции се споменуваат Индикар и Светскиот шампионат во трки на издржливост.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур