Батлер: Не е готово, способни сме за нешто посебно

Од:

Крилото на Мајами Хит, Џими Батлер, продолжува да покажува самодоверба и покрај негативниот резултат на неговиот тим. „Жешките“ губат со 0-2 од Лос Анџелес Лејкерс во финалето на НБА, но поранешниот играч на Чикаго, Минесота и Филаделфија знае дека сè уште не е готово.

– Ние ќе продолжиме да се бориме, ништо не е готово. Ние губиме само 0-2, па мора да направиме нешто навистина посебно. Знам дека сме способни за тоа, многу добро ги познавам моите соиграчи и не би ги менувал за ништо, изјави Батлер за „Јаху Спортс“.

Хит и Лејкерс ќе се појават на паркетот во „Дизни Светот“ вечерва во 01:30 часот по македонско време во натпреварот број 3 од финалето на НБА. Успехот е задолжителен за тимот на Ерик Сполстра, но не би дошол лесно против тимот предводен од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он