Кошаркарскиот клуб Баскет Кам од Македонска Каменица претстојниот викенд ќе биде организатор на завршниот турнир за кошаркарки во возрасната категорија до 16 години, објави МКФ.
Претставниците на клубот се изборија на лицитацијата одржана во просториите на Македонската кошаркарска федерација и в сабота и в недела ќе ги нагостат четирите екипи-учеснички на овој завршен турнир.
На 2 јуни во првото полуфинале ќе играат актуелниот шампион Бадел 1862 и Гостивар 2009 (почеток 13:30 часот) а по нив од 16 часот се среќаваат Баскет Кам и Струга 2009.
Победниците на 3 јуни ќе с еборат за трофејот, а поразените ќе играат за 3. место.