Големиот фаворит Барселона дури во финишот на натпреварот успеа да го скрши отпорот на Баерн во натпреварот од 1. коло на кошаркарската Евролига. Каталонците со три успешни удари за тројка стигнаа до првите бодови во новата сезона.
Неизвесен дуел во Истанбул имаа и Фенербахче и Армани Милано. И на оваа средба победата им припадна на домаќините.
Домашниот терен го искористи и Реал Мадрид, додека АЛБА Берлин загуби пред својата публика од ЦСКА.
Резултати од првото коло во кошаркарската Евролига:
А група: Анадолу Ефес – Уникс Казан 82:76, Нижни Новгород – Динамо Сасари 88:86 и Реал Мадрид – Жалгирис80:71.
Б група: Цедевита – Уникаха Малага 63:78, Макаби – Лимож 92:76 и АЛБА Берлин – ЦСКА Москва 68:84.
Ц група: Панатинаикос – Туров 84:77, Фенербахче – Емпорио Армани 77:74 и Барселона – Баерн Минхен 83:81.
Д група: Лаборал – Клаипеда 88:69, Црвена Звезда – Галатасарај 76:68 и Валенсија – Олимпијакос 68:71.