Кошаркарите на Барселона остварија победа на синоќешниот дуел од 3. коло од Евролигата над Панатинаикос со 77:52.
„Каталонците“ предноста ја имаа во текот на целиот натпревар, а до убедлив триумф стигнаа откако во последната четвртина на противникот му дозволија да постигне девет поени. Четири играчи кај победничката екипа имаа двоцифрен учинок.
Резултати и двојки од 3.коло по групи:
А група: Химки – Црвена Звезда, Фенербахче – Реал Мадрид, Баерн – Стразбур (сите натпревари се играат вечерва).
Табела: Реал Мадрид 1-1, Химки 1-1, Баерн 1-1, Стразбур 1-1, Црвена Звезда 1-1, Фенербахче 1-1.
Б група: Анадолу Ефес – Цедевита 75:81, Лимож – Лаборал 71:107, Емпорио Армани – Олимпијакос (играат вечерва).
Табела: Лаборал 2-1, Анадолу Ефес 2-1, Олимпијакос 1-1, Емпорио Армани 1-1, Цедевита 1-2, Лимож 1-2.
Ц група: Каршијака – Жалгирис 66:68, Барселона – Панатинаикос 77:52, Зиелона Гора – Локомотив Кубан (играат вечерва).
Табела: Локомотив Кубан 2-0, Барселона 2-1, Жалгирис 2-1, Каршијака 1-2, Панатинаикос 1-2, Зиелона Гора 0-2.
Д група: ЦСКА Москва – Бамберг 83:77, Макаби – Динамо Сасари 79:63, Уникаха Малага – Дарушафака (играат вечерва).
Табела: ЦСКА МОсква 3-0, Уникаха 2-0, Дарушафака 1-1, Бамберг 1-2, Макаби 1-2, Динамо Сасари 0-3.