Барселона не сака да го задржи Усман Дембеле во своите редови до крајот на сезоната. Францускиот репрезентативец, претходно постави финансиски барања кои клубот не може да ги исполни.
Планот на Барселона со Дембеле е јасен, да го продаде, со што ќе заработи некое евро и плус ќе се ослободи од неговата плата.
„Мундо Депортиво“, тврди дека од клубот ги контактирале Њукасл и Манчестер јунајтед, им го понудиле Дембеле за 20.000.000 евра.
Дембеле и неговиот менаџер нема да ги прифатат овие понуди, тврдат други извори од Шпанија. Нивната цел е јасна, по завршувањето на сезоната тој ќе биде слободен играч, поради што може да смета на богат бонус само за потпис на договорот.