Екипата на Барселона победи во дуелот против Анадолу Ефес во еден од петте натпревари одиграни синоќа во кошаркарската Евролига.
На средбата од 18.коло, одиграна во Барселона, истоимената шпанска екипа го совлада турскиот претставник Анадолу Евес со 89-78.
Најзаслужен за оваа само осма победа сезонава на Барселона беше Петри Копонен, кој средбата ја заврши со 20 поени, притоа реализирајќи шест од осумте упатени удари за три поени.
Предноста на домашниот терен ја искористија и ЦСКА Москва која го совлада Бамберг со 85-64, Фенербахче кој беше убедлив во дуелот со Панатинаикос со 84-63, како и Армани Милано кој со 92-87 славеше во дуелот против Галатасарај.
Единствената победа на гостите им ја донесе Црвена звезда која на гостувањето во Тел Авив го совлада Макаби со 71-67. Ова за белградска екипа беше петта последователна победа во Евролигата.
Денеска ќе се играат преостанатите три натпревари, а двојките се: Дарушафака – Уникс Казан, Жалгирис – Реал Мадрид и Олимпијакос – Басконија.
Табела: ЦСКА Москва 14-4 (победи-порази), Реал Мадрид 12-5, Олимпијакос 12-5, Басконија 11-6, Фенербахче 11-7, Панатинаикос 10-7, Црвена Звезда 10-8, Дарушафака 9-8, Барселона 8-10, Анадолу Ефес 8-10, Уникс Казан 7-10, Бамберг 7-11, Макаби Тел Авив 6-12, Жалгирис 6-11, Армани Милано 5-13, Галатасарај 5-13.