Екипата на Барселона го доби кошаркарското „Ел Класико“ против Реал Мадрид во рамките од Евролигата.
На натпреварот меѓу големите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид, одигран синоќа, а во рамките од 11.коло на ТОП 16 фазата, домашните кошаркари се радуваа на победата од 72-65.
На останатите натпревари одиграни синоќа: ЦСКА Москва – Лаборал 90-78, Фенербахче – Дарушафака 77-69, Панатинаикос – Локомотив Кубан 84-79 и Бросе Баскет – Химки 84:79.
Денеска на програмата се преостанатите три натпревари од ова коло, а двојките се: Анадолу Ефес – Цедевита, Олимпијакос – Жалгирис и Уникаха – Црвена Ѕвезда.
Е група – табела: Фенербахче 10-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 7-4, Панатинаикос 7-4, Црвена Звезда 6-4, Анадолу Ефес 4-6, Уникаха 3-7, Дарушафака 3-8, Цедевита 2-8.
Ф група – табела: ЦСКА Москва 8-3, Лаборал 7-4, Барселона 6-5, Реал Мадрид 6-5, Химки 5-6, Бросе Баскет 5-6, Олимпијакос 4-6, Жалгирис 2-8.