Екипата на Барселона го победи „лутиот„ ривал Реал Мадрид во кошаркарското „Ел Класико’’.
На средбата одиграна синоќа во Мадрид, а во рамките од 4.коло од ТОП 16 фазата, јунакот на Барселона беше Џастин Доелман кој во последната секунда со својот 24-ти поени им донесе победа на гостите со 87-86.
Покрај овој меч вчера во Ф групата, Лаборал ја победи ЦСКА Москва 81-71.
Два натпревари се одиграа и во Е групата, а победи забележаа домашните екипи, и тоа, Локомотив Кубан над Панатинаикос 76-67 и Цедевита беше подобра од Анадолу Ефес со 84-80.
Останатите четири средби од ова коло ќе се играат денеска, а двојките се: Дарушафака – Фенербахче, Црвена Звезда – Уникаха (Е група), Химки – Бамберг и Жалгирис – Олимпијакос (Ф група).
Табели – Е група: Фенербахче 3-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 3-1, Уникаха 2-1, Анадолу Ефес 2-1, Цедевита 1-3, Ц.Звезда 1-2, Панатинаикос 1-3 и Дарушфака 0-3.
Табели – Ф група: Бамберг 1-2, Олимпијакос 2-1, Химки 2-1, Лаборал 2-2, ЦСКА Москва 2-2, Барселона 1-2, Реал Мадрид 2-2 и Жалгирис 0-3.