Барса најде замена за Левандовски – најдобриот стрелец во француска Лига 1

Од:

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона има сериозни намери да го доведе 24-годишниот фудбалер Џонатан Давид, напаѓач на Лил.

На крајот од актуелната сезона на Давид му завршува договорот со францускиот клуб, а во Барселона го гледаат како долгорочна замена за полскиот центарфор Роберт Левандовски.

Забележано е дека Барселона во таа трка ќе мора да победи два англиски премиерлигаши, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Од 2018 до 2020 година Давид играше за белгиски Гент, по што се пресели во Лил. Во текот на кариерата одигра 59 натпревари за канадската репрезентација за која постигна 31 гол.

Давид оваа сезона повторно е еден од најдобрите играчи во француската лига, а моментално е најдобар стрелец во првенството со 11 голови.

Претходно се пишуваше дека Барселона не треба да потроши ниту цент за да го доведе Давид бидејќи тој ќе пристигне како слободен играч.

Целата работа би била вредна околу 80 милиони евра, колку што би барал за плата и бонуси во четиригодишен договор.

Би можело да ве интересира

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

Чави на прес го „понижи“ Бруно Фернандеш: „Тоа момчето од Португалија“

Барселона го поддржа Чави и покрај елиминацијата од Лигата на шампионите

ВИДЕО: Димитриевски го одбрани Рајо од Барселона и направи чудо што не се повторило 50 години

Барселона е блиску до потписот на Кунде

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски