Барди конечно негативен на Ковид-19

Од:

Енис Барди конечно може да им се приклучи на соиграчите од македонската фудбалска репрезентација откако доби негативен тест на Ковид-19. Ова беше трет тест за играчот на Леванте, претходните два беа позитивни и иако тој беше без симптоми и во добра состојба не смееше да тренира со останатите фудбалери.

Тој ги пропушти двата пријателски натпревара против Словенија и против Казахстан. На осум дена пред првиот натпревар на ЕУРО за нашиот тим, Барди ќе почне да тренира со остатокот од тимот.

Македонската репрзентација на 13. јуни против Австрија ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза на Европското првнество.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов