Енис Барди со три постигнати гола вечерва ја предводеше македонската репрезентација до убедлив триумф над Ерменија со 5:0.
Поради отсуството на Стефан Ристовски, Барди ја носеше капитенската лента.
– За мене сите во репрезентацијата сме капитени. Не е важно кој ќе ја носи лентата. Сите сме одговорни. Секако дека тоа што ја носев капитенската лента беше мотив плус за мене. Во минатото големи фудбалери биле капитени на Македонија. Вечерва имавме натпревар на кој успеавме да останеме смирени. По оваа победа сме среќни и со зголемена самодоверба. Треба да продолжиме вака и да го задржиме победничкиот менталитет. Наша следна е цел е добро издание и против Исланд на домашен терен во последното коло. Ако ни се отворат шанси одиме на второто место за кое мислам дека навистина го заслуживме, рече Барди на прес-конференцијата по дуелот со Ерменија.
Македонската репрезентација по вечерашната победа ги задржа шансите за пласман во баражот за Светското првенство 2022.